Зошто е корисно да пиете вода со куркума секое утро
Како што знаете, денот по утрото се познава. Затоа е важно да донесувате разумни одлуки од самиот почеток. Зачинувањето на вашата утринска рутина со чаша млака вода со куркума може да биде совршена комбинација за да го започнете денот, па зошто да не пробате?
Куркуминот, состојка која ја има во куркумата има голем број благотворни својства кои се корисни за нашето здравје: од анти-воспалителни и анти-оксидантни својства до подобрување на дигестијата, тенот, нивото на холестерол па дури и лечење од рак.
Тешко дека би биле против конзумирањето на куркуминот во било каква форма, но во случај да не сте доволно убедени, повелете неколку добри причини зошто да пиете вода со куркума секое утро…
Моментално го зајакнува имунолошкиот систем
Овој моќен корен е богат со ендотоксини кои му помагаат на нашиот имунолошки систем во борбата против бактериите, намалувајќи го притоа ризикот од настинки и грип. За време на зимските месеци се препорачува да ја зголемите дозата за да се заштитите од многу вируси кои преовладуваат во поладните месеци од годината.
Помага при варењето на храната
Куркумата е одлична за стомакот. Ја стимулира жолчната ќеса да произведува жолчка и други компоненти кои помагаат организмот правилно да ја вари храната. Тоа ја прави вкусен и корисен додаток на секој доручек. Особено е корисна за луѓето кои обожаваат храна со премногу заситени масти кои потоа тешко се разградуваат.
Го намалува нивото на холестерол во крвта
Сите ние знаеме колку е важно да се одржува нивото на холестерол во нормални граници, а куркумата дефинитивно може да ни биде од корист. Намалувањето на нивото на холестерол помага во спречувањето на појавата на кардиоваскуларни болести и удари, кои се во особен пораст поради динамичниот начин на живот во 21 век.
Го забрзува заздравувањето на раните
Куркумата е позната како најдобар природен антисептик, па е особено корисно да пиете чај од куркума кога имате некаква рана, исеченица или гребнатинка. Не само што го забрзува процесот на надворешно заздравување, туку бојата и топлината на овој напиток даваат момент на смиреност, потребна за нашето ментално здравје.
Го намалува воспалението
Анти-воспалителните својства на куркумата значат дека таа може да помогне при намалување на болките во зглобовите. За луѓето со артритис, чаша млака вода со куркума е одличен почеток на денот.
Помага во разградувањето на шеќерот во крвта
Последно нешто што му е потребно на вашиот организам наутро е зголемено ниво на шеќер во крвта. Бидејќи помага во спречувањето на шеќер во крвта и го смирува нервниот систем, куркумата е здрав начин да го олесните вашиот организам во текот на денот. Ова е особено корисно за луѓе со дијабетес.
Го прочистува црниот дроб
Ако сте имале тешка ноќ, куркумата наутро е совршен противотров. Иако не може целосно да го излечи мамурлакот, сепак значително ќе му помогне на вашиот организам да ги разгради отровите од претходната ноќ.
Го подобрува тенот на кожата
Поради големиот број корисни својства во поглед на убавината, куркумата е позната и под името “Златен зачин за животот”. Веќе стотици години таа е клучна состојка во режимот за убавина на индиските жени. Анти-воспалителните својства го намалуваат отекувањето на постојните точки, во исто време осветлувајќи ја целата кожа и давајќи и здрав сјај.
Го продолжува животот и го забавува процесот на стареење
Куркумата е одлично средство против стареење. Успешно ја потиснува активноста на слободните радикали, спречувајќи го воспалението како главен фактор во процесот на стареење.
Влијае врз здравјето на мозокот
Овој вкусен напиток ја намалува веројатноста за појава на Алцхајмерова болест. Куркуминот ги неутрализира симптомите на Алцхајмеровата болест, блокирајќи го формирањето на бета-амилоидот, протеинска суптстанца за која се верува дека е причина за губење на клетките и ткивата. Исто така, куркумата го намалува воспалението на нервното ткиво поврзано со оваа болест.
Со оваа разновидна и впечатлива листа, малку се причините зошто да не пробате да пиете вода со куркума секое утро. Понатаму, не се познати никакви споредни ефекти од претерано конзумирање. За да ве поттикниме да пробате, во прилог ви подготвивме и едноставен рецепт како да го подготвите овој напиток:
Состојки
- 200 мл вода
- ½ лажичка куркума
- 1 лажиче мед (по желба)
Подготовка
- Загрејте ја водата, но внимавајте да не зоврие.
- Во чаша ставете од куркумата.
- Полека турете ја топлата вода и добро измешајте.
- За подобар вкус можете да додадете мед.
Крај